http://www.ichotels.com.tr/
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Лара, 25км од центарот на Анталија и 15км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со вклупно 44 Вили.
Езеро вили: 28 (65м², дневна, две спални, две купатила, централна клима, телефон, сеф, мини бар, балкон или тераса, директен пристап на базен).
Езерски Де лукс вили: 3 (130м², дневна, четири спални, две купатила, централна клима, директен пристап на базен).
Гостите кој се сместени во езерските вили имаат бесплатен трансфер од/до аеродром, коктели за добродојде, цвеќе и кошница со овошје во соба, пешкири за плажа, бањарки, папучи и сандали, попуст од 50% во перална, дневни весници, дневно дополнување со пијалоци и закуски (алкохолните пијалоци се доплаќаат), 24ч. бесплатна услуга во соба.
Бали вили: 4 (300м², со приватна градина, базен, две спални, две купатила, дневна, централна клима, два ЛЦД ТВ).
Бали Јуниор вила: (258м² со приватна градина, една спална, приватен базен, купатило, џакузи, дневна соба, централна клима, мермерен под, ЛЦД ТВ во спална).
Де лукс Бали вили: (300м², со приватна градина и базен, две спални, две купатила, Џакузи, дневна, кујна, клима сплит систем, два ЛЦД ТВ).
Супериор Де лукс вили: 4 (396м², приватна градина со базен, три спални, дневна, комплетно опремена кујна, Турска бања, клима сплит систем, купатило со Џакузи и две купатила со када и туш, ЛЦД ТВ).
Претседателска вила: 1 (1000м², дневна од 450м², три спални со купатила со Џакузи, туш, една спална за помошен персонал, дневна, трпезарија, кујна, Турска бања, сауна, приватен базен, клима сплит систем, ЛЦД Телевизори).
Услуга
Гостите кој се сместени во овие вили имаат бесплатен трансфер од/до аеродром, коктели за добродојде, цвеќе и кошница со овошје во соба, ЛЦД ТВ во спални соби и во дневна, двапати на ден чистење на собите, пешкири за на плажа, бањарки, папучи и сандали, услуга за пеглање, дневни весници, дневно дополнување со пијалоци и закуски (алкохолните пијалоци се доплаќаат), 24ч. бесплатна услуга во соба. Хемиско чистење, Спа масажи и салон за убавина, Спа суит, Премиум и луксузни пијалоци, селектирани вина, банкет и специјални настани, чување деца, дополнително се наплатуваа. Сите активности од IC Green Palace Hotel се достапни за гостите кои престојуваат во вилите.
Содржини
Jasmine – главен ресторан – шведска маса, Sunset snack bar за ужина, 6 A’la Carte ресторани: Cavalli (Италијанска кујна), Casa Mexicana (Мексиканска кујна), Wabi Sushi Japanese (Јапонска кујна), Wabi Tepenyaki (кујна од Далечниот Исток), Fes (Турска кујна), Green Fish (ресторан за морска храна), барови на различни локации околу хотелскиот комплекс, IC café, IC Cream world, Free Zone диско клуб. Телефон, факс, шопинг центар, фризер, доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, internet café, компјутерски игри, rent a car, се наплаќа. WI-FI (ниска брзина) е бесплатно.
Плажа
Песочна приватна хотелска плажа, со пешкири, чадори за сонце и лежалки кои не се наплатуваат. Приватните павиљони на плажа со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, тениски игралишта, сквош, мал фудбал, мини голф, одбојка на плажа, пикадо не се наплаќа. Спортови на вода, осветлување на тениски терени, опрема и часови по тенис, масажа, Спа и велнес центар, билијард, куглање, школа за нуркање се наплатуваат. Забавна програма преку целиот ден за возрасни и деца, натпревари покрај базенот и на плажа. Специјален шоу програм навечер кој се менува секој ден. Мини клуб за деца од 04-12 год во тек целиот ден и во вечерните часови.