Хотелот се наоѓа во областа Kızılağac 10км од Manavgat и 75км од аеродромот во Antalya.
Вкупен број на соби 253. Стандардни соби (28m², една спална соба, едно купатило, макс.2 лица), Superior suit со поглед на море(две спални соби без врата помеѓу, едно купатило, макс.4 лица), Deluxe suit соби (45-64m², една спална соба, една дневна соба, џакузи, макс.2 лица), Premium suit и 6 соби за лица со хендикеп. Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, централен клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), елечтричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон. WI – FI интернет конекција е бесплатна.
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, торта и чај, вечера, закуска доцна навечер, сладолед за време на одредени часови во барот покрај базен, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок само за појадок, A’la Carte ресторани со претходна резервација и само за еден престој. Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на мени листата, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, наргиле, цигари, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Lalezar – Турска кујна, Cielo A’la Carte – Морска храна, Tanuki – кујна од Далечен Исток, барови околу хотелскиот комплекс, Disco club. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, услуга за перење, сушење и пеглање, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел.
Хотелска плажа, камелиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Приватните павиљони се со претходна резервација и се доплаќаат.
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, SPA центар и центар за убавина, масажа, часови за нуркање, билијард, куглање, компјутерски игри. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер.