Хотел GRAND RING HOTEL*****
http://www.grandringhotel.com/
Положба
Хотелот е лоциран во областа Белдиби, 40км од аеродромот во Анталија и 10км од Кемер.
Сместување
Вкупен број на соби 299.
Стандардни соби (28м², макс.2+1 лица и три соби 2+2 лица со кревети на спрат),
Големи соби (макс.2+2 лица)-една спална и едно купатило.
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима сплит систем, тепих на подот, телефон, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, поладневна ужина, кафе и чај, вечера, полноќна закуска. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, сладолед во одредени часови од денот, бар на плажа од 10:00-18:00 часот. Дополнително се наплаќаат-сите увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, храна и пијалоци после 24:00 часот, пијалоци во Диско клуб, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар покрај базен. Доктор, чување деца, перална, rent a car, фризер, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет конекција е бесплатна во лобито.
Плажа
Хотелска приватна плажа, со камчиња. Лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат. Пешкири за плажа со депозит.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, Турска бања, сауна, пинг понг. Спортови на вода, масажа, билијард, куглање, дополнително се наплаќаат. Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца.