Хотелот е лоциран во Белек, 33km од аеродромот во Анталија и 42km од центарот на Анталија.
Вкупен број на соби – 872, во главна зграда. Стандардни соби – 25m²- 36m², една спална соба, купатило, макс. 2+1 лице; Фамилијарни соби – 37,5m², две спални соби, одвоени, купатило, макс. 4 лица; Фамилијарни апартмани – 45m²- 63m², две спални соби, две купатила, макс. 4+1 лице; Вила Гранада -205m², макс 6 лица; Езерска фамилијарна куќа – 54 – 61m², две спални соби, едно купатило, макс. 4 лица; Сите соби се опремени со сопствени купатила со туш кабина, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини-бар ( сокови, вода, минерална вода, пиво, вафли, крекери се дополнуваат секој ден), електрично ѓезве, сет за кафе и чај, сеф, LCD TV со сателитски и музички канали, интернет, балкон.
Ултра се Вклучено – 24ч услуга за храна и пијалаци. Шведска маса за доручек, доцен доручек, ручек, вечера, готвачко шоу, диетална храна, полноќна закуска, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед, слаткара, свежо цеден сок за доручек, бар на базен, бар за ужина на плажа од 10ч до 18ч, детска храна. Увозни пијалаци кои не се на менито, премиум пијалаци, висококвалитетни вина, шампањ, а-ла-карт ресторани со претходна резервација, собна услуга – Дополнително се наплатуваат.
Главен ресторан „Гранд Сабор” – шведска маса, А-ла-карт ресторани : Фуего – стек хаус, Карат VIP а-ла-карт, Азул Фелисиа – медитеранска кујна, Дајмонд Вила, слаткара, кафе бар и други барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, услуги за перење и пеглање, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, фризер, продавници, рент-а-кар – Дополнително се наплатуваат.
Хотелска приватна плажа – оддалечена на 1.75km од хотелот (шатл услуга од хотел до плажа), песочна, лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа, не се наплатуваат. Приватни павиљони на плажа со претходна резервација и дополнително се наплатуваат.
Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, Базен за возрасни лица (18+) со морска вода, аквапарк, турска бања, сауна, парна бања, фитнес центар, тениски игралишта, опрема за тенис, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пинг-понг, билијард – Не се наплатуваат. Масажи, SPA центар, водни спортови, осветлување за тениски игралишта, куглање, соба за игри – Дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажата, шоу програми во вечерните часови, три пати неделно жива музика, кино. Мини клуб за деца од 4г до 12г и тинејџерски клуб од 13г до 16г. Забавниот парк дополнително се наплатува.