Хотел GARDENIA HOTEL ****
http://www.gardeniahotels.com/
Положба
Хотелот е лоциран во областа Клеопатра, на 130км од аеродромот во Анталија и од центарот на Аланија.
Сместување
Вкупен број на соби 119 во три блокови.
Стандардни соби (22м², една спална, едно купатило, макс.2+1 лица).
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, ламинат на подот и балкон.
Услуга
Сé вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, пладневно кафе, чај и колачи, вечера. Домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци ( домашно вино, локално пиво, коктели, водка, џин, ракија). Дополнително се наплаќаат увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед, флаширани пијалоци, собна услуга, A’la Carte ресторан, кој се користи со предходна резервација.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторан, Лоби бар. Доктор, чување деца, фризер, сервис за перење, интернет катче, телефон, факс, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет бесплатен во лобито.
Плажа
Хотелска плажа, на 50м од хотелот е и плаѓата Клеопатра, песочна. Лежалки и чадори за сонце се наплаќаат. Пешкири за плажа се со депозит. Лежалките и чадорите за сонце покрај базенот се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, одбојка на плажа, фитнес центар. Дополнително се наплаќаат-спортови на вода, Турска бања, сауна, масажа, тениски игралишта, билјард и компјутерски игри.
Напомена: Хотелот е реновиран во 2012 година