Хотелот е лоциран во областа Белек, 35км од аеродромот и 45км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 583. Стандардни соби: главна зграда, 35-45м²; купатило со када, фен, централна клима, телефон, мини бар, сеф, безжична интернет конекција, LCD TV, тепих на под, балкон, поглед на море или градина max 2+1. Фамилијарни Дуплекс соби: главна зграда, 65-75м²; прв спрат-спална со twin кревети и купатило, и на втор спрат-една спална соба со француски кревет, купатило, нема врата помеѓу спратовите, макс. 4лица. Стандард соби со поглед на море со Џакузи: главна зграда, 38-44м², една спална соба, купатило со џакузи, макс.2+1 дете, Езерски куќички: лоцирани во градината, 28-36м², собите се на првиот или вториот спрат, со една спална и купатило, гледаат во градината или базенот, макс 2+1 дете, Езерски куќи со директен пристап на базен: 28-36м², лоцирани на приземје од вилите, со директен пристап на базен, една спална и купатило, макс.2+1 дете, Езерски куќички фамилијарни соби: 60-72м2,собите се на првиот или вториот спрат, две поврзани соби со две купатила, поглед на градина или на базен, макс. 4+1 дете, Суит езерски куќички: 96м², лоцирани на приземје или прв кат. Суитите на приземје имаат една дневна и една спална , суитите на прв спрат се со две спални соби и едно купатило,макс. 4 лица, Honeymoon суит: главна зграда 38-44м², една спална соба и купатило со џакузи, макс. 2 лица), Ресорт суит: главна зграда 96м², дневна соба, спална и купатило со џакузи, макс 4+1 дете, Делукс суит: главна зграда 105м², една дневна и една спална соба, купатило со џакузи 4+1 дете. Супериор суит: во главна зграда, дуплекс, 142м², дневна соба на првиот кат и спална со џакузи на терасата на вториот кат макс.4+1 дете Premier суит: главна зграда, дуплекс, 189-233м², дневна и спална на првиот кат, на вториот кат главна спална соба со голема тераса и џакузи на терасата, макс 4+1 дете Ela Prestige суит (375м²), Ela вили (Ela Palace, Ela Sultan Palace). Сите соби се со приватно купатило, фен, клима уред, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци, млеко, кикирики, пиво секој ден), сет за кафе и чај, сеф, LCD – TV со сателитски програми, балкон. WI-FI интернет бесплатен во сите соби.
Услуга
Ela Се вклучено-храна и пијалоци шведска маса. Појадок, A‘la Carte појадок, доцен појадок, ручек, ужини, традиционални слатки, бели пецива, сладолед, вечера, доцна вечера, домашни и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите (безалкохолни пијалоци, вода,минерална вода, млеко и пиво се дополнуваат секој ден), винарска визба, услуга во соба од 02:00-07:00 по мени и само еднаш,свежо цеден сок во Vitamin барот, корпа со овошје во собите на пристигнување. Дополнително се наплатува VSOP коњак, премиум виски, специјалните увозни и локални вина, енергетските пијалоци, увозните пива, цигарите, A’la Carte ресторани со претходна резервација и доплата и во Јапонскиот ресторан се плаќа според мени-ценовник, услуга во соба од 07:00-02:00 по мени, наргиле, специјално мени.
Содржини
Главен ресторан-Enderun, A’la Carte ресторани-La Salsa -Мексиканска кујна, Teppanyaki Hida -Јапонска кујна, Alagra -морска храна, AB-I-LAL -Турска кујна, Restorante La Perla- Италијанска кујна, Passion Gourmet -Француска кујна, (не е дозволен влез на деца под 12 год.), Kalamata -ресторан за скара, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, интернет и компјутерски игри, rent a car се наплатуваат. WI-FI интернет бесплатен.
Плажа
Хотелска песочна плажа, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Павиљони на плажа со резервација, се наплатуваат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк со 5 лизгалици за возрасни и 4 лизгалици за деца, тениски игралишта, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, мал фудбал, фитнес центар, не моторни водени спортови, билијард, мини голф, забавен парк, Турска бања, сауна, џакузи. Осветлување на тениските терени , моторните водени спортови, SPA центарот, салон за убавина, куглање, часови по голф, со доплата. Забавни програми со професионален тим преку целиот ден, шоу програми во вечерните часови, курсеви по готвење, забава на плажа, гала вечери, кино. Мини клуб за деца Everland Q од 00-17 год. со специјални програми, ресторан за деца, кино и мини диско навечер.