Хотелот се наоѓа во областа Titreyengol 7км од Side и 70км од аеродромот во Antalya.
Вкупен број на соби 496. Стандардни соби (28m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), Фамилијарни соби тип 1 (54m², две одвоени соби со врата помеѓу, едно купатило, макс.4 лица), Фамилијарни соби тип 2 (56m², две спални соби со врата помеѓу, две купатила, макс.4 лица) junior suit (56m², една поголема соба, едно купатило, макс.2 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, мини бар (се дополнува ос вода и безалкохолни пијалоци секој ден), сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон.
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни ужини, бифе доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00 часот, пијалоци во барот за закуски на плажа до 17.00 часот, сладолед за време на одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за престој. Не е вклучено: други луксузни увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Sultan – Турска кујна и Carpaccio – Медитеранска кујна, барови околу хотелскиот комплекс, Disco club, бар за закуски на плажа. Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет во лоби, јавни места и соби е бесплатен.
Хотелска плажа- песочна, 250 метри од хотелот, со бесплатни лежалки, ладори за сонце и пешкири на плажа.
Надворешни и внатрешни (затворени во лето) базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, бања со пареа, пинг понг, одбојка на плажа. Се доплаќаат: спортови на вода, билијард, компјутерски игри, SPA центар и центар за убавина и масажа. Збавани програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години со различни активности и програми.