Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy на 6км од Side и 55км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 514 во една главна зграда со летири спратови, една Annex зграда со пет спратови, и 4 блокови со тераса соби. Стандардни соби (22m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице), Стандардни тераса соби (25m², една сплана соба, едно купатило, макс. 2+1 лице, близу до море со страничен поглед на море или поглед на копно), Делукс тераса соби (25m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице, близу до море со поглед на море и голем балкон, Suite соби (42m², макс.4лица, една спална соба + една дневна соба, широк балкон, ламинатен под во спалната соба и мермерен под во дневната соба), Фамилијарни соби (35-42m², макс.4лица, две спални соби со врата помеѓу, два тушеви во купатилото), Queen Suit (37- 42m², една спална соба, една дневна соба, голем балкон, купатило, макс.2+1 лице). Сите соби се со приватно купатило со када, туш, фен, централен клима уред, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, сателитска телевизија, LCD TV и музички канали, WI-FI интернет, тепиџ или ламинатен под, балкон или тераса.
Ultimate all inclusive – 24 часовна услуга за храна и пијалоци, шведска маса со појадок, доцен појадок, закуски во текот на денот, ручек, услуга за сладолед покрај базенот, пауза за кафе, вечера, A’la Carte ресторани со претходна резервација (деца под 7 години не им е дозволен влез во A’la Carte рестораните), сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, послуга во соба. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, шампањ, сите видови на флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, L’Aspendos A’la Carte ресторан, Village Breakfast , увозни алкохолни пијалоци од 01:00-10:00 часот, послуга во соба. (Dress code задолжителен за време на вечерата во рестораните).
Главен ресторан Panorama со шведска маса, A’la Carte ресторани –Halikarnas – Рибен ресторан, Ehl – I keyf – Турски ресторан, L’Aspendos – Италијанска кујна, Phaselis – Селски појадок, La Casita – Мексиканска кујна, барови околу хотелскиот комплекс, Диско бар. Доктор, услуги за перење и сушење, бебиситер, телефон, факс, интернет, шопинг зона, рент а кар, фризер, компјутерски игри се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во одредени зони.
Хотелска плажа, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце, душеци и пешкири на плажа.
Надворешни и внатрешни базени, лизгалки на вода, Турска бања, сауна, соба со пареа, фитнес центар, 6 тениски терени, сквош, одбојка на плажа, пинг понг, мини фудбал. Се доплаќаат: спортови на вода, осветлување за тениски терени, часови по тенис и опрема, масажа, SPA центар, куглање, билијард и компјутерски игри. Збавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа со професионален тим, навечер шоу програми. Crispy Kids World мини клубза деца од 04-12 години со специјални програми.