Положба
Хотелот е лоциран во областа Белдиби, 13км од Кемер и 45км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 411 и 7 вили.
Стандардни соби (21м², макс.2+1 лица)-една спална и едно купатило,
Фамилијарни соби со кревети на спрат (30м², макс.2+2 лица)-две соби одвоени со врата и кревети на спрат во едната соба,
Фамилијарни соби (37м², макс.2+2 лица)-две спални одвоени со врата, едно купатило,
Јуниор суити (37м², макс.2+1 лица)-една спална и една дневна одвоени со врата и едно купатило.
Вила дуплекс (100м², на два ката)-три спални, една дневна, две купатила, Џакузи на тераса.
Сите соби се со балкон или тераса, купатило со туш, фен, клима сплит систем, мини бар (само со вода), телефон, сеф, плочки на подот, сателитска ТВ и музички канали.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, вечера, ужина, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 09:00-01:00 часот, свежо цеден сок за време на појадок, сладолед во поладневните часови покрај базен. Дополнително се наплаќаат-сите увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови (освен за појадок), мини бар, сладолед, Турско кафе, A’la Carte ресторани, алкохолни пијалоци во Диско.
Содржини
Главен ресторан, A’la Carte ресторан со Интернационална кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет, фризер, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет бесплатен на јавните површини во хотелот.
Плажа
Хотеласка плажа, со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес, сауна, Турска бања, одбојка, мини фудбал, пикадо, билијард, одбојка на плажа, тениски игралишта, пинг понг. Спортови на вода, осветлување на тениски игралишта, школо за нуркање, масажа, компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и плажа, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год. со специјална програма.