http://www.cesars.com.tr/
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Белек, на 35км од Анталија I 35км од аеродромот.
Сместување
Вкупен број на соби 286 во главна зграда и 313 во Villas.
Стандардни соби (25m², се наоѓаат во главна зграда, една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице),
Villa Фамилијарни соби (35m², во делот од градината, една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс. 2+2 лица),
Фамилијарни суити (50m², се наоѓаат во главна зграда, една спална соба, една дневна соба со врата измеѓу, едно купатило, макс. 4+1 лице),
Villa Фамилијарни со врата која ги поврзува (70m², во делот од градината, две спални соби одвоени со врата, две купатила, макс. 4+2 лица).
Хотелските соби се со балкон, приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови во главна зграда, посебен клима уред во Villas, телефон, мини бар (се дополнува со вода, безалкхолни пијалоци, минерална вода и пиво секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали.
Услуга
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, закуски, торти, чај и кафе, вечера, доцна вечерна закуска. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, некои увозни алкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, услуги за закуски. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, спацијални вина, флаширани пијалоци, некои специјални виски, наргиле, шампањ, свежо цедени сокови, алкохолни пијалоци по 02:00 часот во лоби бар.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: BBQ – Турска кујна, Papus – Рибен ресторан, Los Amigos – Мексиканска кујна, и Zipang Teppanyaki – Кујна од Далечниот Исток, барови на различни локации низ хотелскиот комплекс. Доктор, фризер, бебиситер, рент а кар, услуги за перење и пеглање, шопинг центар, катче за интернет се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во целиот хотел е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни пешкири, чадори за сонце и лежалки.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизглаки на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, соба со пареа, тениски терени, пинг – понг, кошарка, одбојка, мини фудбал, одбојка на плажа, мини голф. Се доплаќаат: спортови на вода, осветлување за тениски терени, часови по тенис, масажа, билијард, соба за игри, SPA и Wellness центар. Забава во текот на денот покрај базен и на плажа, навечер специјални шоу програми. Мини клуб за деца од 4 – 12 години, со различни програми во текот на денот и вечерта.