Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, 5км од Side и 65км од аеродромот во Antalya .
Вкупен број на соби 719 во два блока. Стандардни соби (24m², една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица), Фамилијарни соби (30m², една спална соба со брачен кревет и кревети на спрат или два единечни кревети, едно купатило, макс.4лица), Annex стандардни соби се наоѓаат во annex зградата преку патот , 24m², една спална соба, едно купатило, макс.2+2лица). Сите соби се со приватно купатило со када или туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода секој ден), сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под и балкон.
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни ужини, вечера и закуска доцна навечер, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, пет увозни алкоохлни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за престој во еден од нив, бар на плажа од 10.00 – 17.00 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на мени листата, специјални вина, сите видови на флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови.
Главен ресторан со шведска маса, барови околу хотелскиот комплекс, бар на плажа, A’la Carte ресторани: Рибен и Турска кујна. Доктор, услуга за перење, факс, интернет и компјутерски игри, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна.
Хотелска плажа, песок и каменчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг, тениски терени. Се доплаќаат: спортови на вода, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, билијард и компјутерски игри, масажа, SPA и Wellness центар. Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години.