Хотелот се наоѓа во областа Лара, 15км од аеродромот во Анталија и 17км од центарот на Анталија.
Вкупен број на соби 498. Стандардни соби: (28-40м², една спална, едно купатило, макс.2+2 лица), Фамилијарни соби: (45м², две соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица), Суит соби: (45м², дел за дневен престој, една спална соба, едно купатило, макс.2 лица), Фамилијарни Куќи (60-75м2 )лоцирани покрај базенот,со две одвоени спални соби ,две бањи,директен излез на базен,макс.4 лица Четири соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када, фен, централна клима, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет, под со тепих, балкон.
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина во текот на денот и навечер, 24 часа храна и пијалоци, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок за појадок, мини бар се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци, вода и пиво, сладолед попладне, A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот. Дополнително се наплатуваат луксузните увозни пијалоци, флашираните пијалоци, специјалните вина, увозните вина, свежо цедени сокови по појадокот.
Главен ресторан шведска маса, A’la Carte ресторани.и барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, rent a car дополнително се наплатуваат. Бесплатен WI-FI интернет.
Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат.
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, Аква парк, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, одбојка, немоторизирани водени спортови, гимнастика, турска бања, сауна, соба со пареа, џакузи. Дополнително се наплатуваат: моторните водени спортови, осветлување на тениските терени, куглање, билијард, сите масажи и третмани во СПА центарот. Забавна програма преку целиот ден покрај базените и на плажа, натпревари, шоу програма во вечерните часови. Мини клуб за децаод 04-12 год со специјална програма во текот на денот и навечер.