Хотелот е лоциран во Белек, регион Кадрије на 950m од морето и 20km од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби – 360 Стандардни соби – 26m², една спална соба со француски лежај + единечен кревет, купатило, макс. 2+2 лица; Фамилијарни соби – 52m², две спални соби одвоени со врата, купатило, макс. 4 лица; Сите соби се со балкон, купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, ламинатски под, минибар (вода и сокови се дополнуваат секој ден), електрично ѓезве, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ со музички канали.
Ултра се Вклучено – шведска маса за доручек, доцен доручек, ручек, попладневна ужина, вечера, вечерна ужина. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци и стандардни увозни алкохолни пијалаци од 10ч до 02ч. А-ла-карт ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Луксузни увозни пијалаци, свежо цеден сок, специјални вина, сите флаширани пијалаци, собна услуга и енергетски пијалаци – Дополнително се наплатуваат.
Главен ресторан – шведска маса, А-ла-карт ресторани : Италијанска кујна, кујна на далечен исток, барови на различни места околу хотелскиот комплекс. Продавници, фризер, доктор, чување деца, услуги за перење и пеглање, рент-а-кар, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри – Дополнително се наплатуваат. Интернет конекцијата низ главните простории на хотелот не се доплаќа.
Хотелска приватна плажа на 950m од хотелот, песочна, пешкири за плажа, лежалки и чадори за сонце не се наплатуваат. Приватни павиљони – со претходна резервација и дополнително се наплатуваат. Бесплатен шатл превоз од хотел до плажа на секои 30 минути.
Надворешни и внатрешни базени (се затоплуваат во зима), детски базени, лизгалки, фитнес центар, сауна, турска бања, пинг понг, одбојка на плажа – не се наплатуваат. Масажа, СПА и салон за убавина, куглање, спортови на вода – дополнително се наплатуваат. Забавни програми за возрасни во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 до 12 години, детско катче, мини диско во вечерните часови.