Хотелот е лоциран во областа Лара- Анталија,20км од аеродромот во Анталија,17км од центарот на Анталија.
ВВкупен број на соби 875, во три различни блока Стандардни соби: (23м²,една спална соба,купатило, макс.2+2 лица), Стандардни соби со кревети на спрат: (23 м²,една голема спална соба со француски кревет плус кревет на спрат,купатило, макс.3 лица), Фамилијарни соби: (48м²,две спални соби одвоени со врата,две купатила,на две нивоа (макс. 5 лица). Сите соби се со купатило со када, туш, фен, бањарки и папучи,клима која работи во одредени часови според временските услови, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, сокови и пиво), сеф, сателитска ТВ и музички канали, сет за кафе и чај,балкон (нема во собите со кревет на спрат)
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручекра, ужина во текот на денот, вечера ,отворена шведска маса до 07.00 наутро, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, Свежо цедени сокови, луксузни увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка и собна услуга дополнително се наплатуваат.
Главен ресторан – шведска маса, A’la Carte ресторани: – La Gondola (италијанска кујна) Pasha Restaurant (турска кујна), El Sombrero Restaurant (мексиканска кујна), Marin (рибен ресторан) и различни барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, rent a car дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет во целиот хотел е бесплатно.
Песочна сопствена плажа, со лежалки, чадори за сонце, пешкири кои не се наплатуваат. Користење на павиљони на плажа со претходна резервација и со доплата.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца,тобогани ,8 различни тениски игралишта, фитнес центар, пинг-понг, одбојка на плажа, кошарка,мал фудбал,сауна, турска бања се бесплатни.SPA центар и масажа,часови по нуркање,нокно користење на тениски игралишта дополнително се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот, натпревари на плажа и базен, шоу програми во вечерните часови, жива музика,диско. Мини клуб за деца од 04-12 години и јуниор клуб од 13-16 години(од јуни до септември) специјални програми игралиште и мини диско во вечерните часови.