Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy 3км од Side и Manavgat и 60км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 372. Стандардни соби (29m², една спална соба со една спална+ 1 двоен кревет или три двојни кревети, едно купатило, макс. 2+1 лице), Соби со кревети на спрат (33m², една спална соба со спална, еден двоен кревет и кревети на спрат за деца, едно купатило, макс.3+2), Големи соби (33m², една спална соба со спална, двоен кревет и софа, едно купатило, макс.2+2) и три соби за лица со хендикеп. Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, клима уред, мини бар (се надополнува со вода и минерална вода при пристигнување), сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон или Француски балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна закуска, бифе доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00- 23:00 часот, сладолед во барот за закуски во одредени часови, бар на плажа од 10:00-18:00 часот со безалкохолни пијалоци и пиво. Не е вклучено: сите видови на увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, послуга во соба, пијалоци во диско.
Главен ресторан со шведска маса, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и сушење, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција се доплаќа.
Хотелска приватна плажа, 300 м од хотелот, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Надворешни базени за возрасни и деца, две лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, пинг-понг, одбојка на плажа. Се доплаќаат: спортови на вода, SPA и Wellness, масажа, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, навечер шоу програми неколку пати во неделата. Мини клуб за деца од 04-12 години со различни активности и програми.