Хотелот е лоциран во Белек, 35km од аеродромот во Анталија, 45km од центарот на Анталија
Вкупен број на соби – 722, во главна зграда, одделни блокови, бунгалови. Вилиџ Стандардни соби – 25m², во дел со бунгалови, една спална соба, купатило со туш кабина, макс. 2+1 лице; Вилиџ Фамилијарни соби – 32m², во дел со бунгалови, две поврзани спални соби, купатило, балкон или тераса, макс. 2+2 лица; Вилиџ Фамилијарни Супериор соби – 48m² – 52m², во дел со бунгалови, две поврзани спални соби, купатило, макс. 4 лица; Палас Стандардни соби – 28m², во главна зграда, една спална соба, купатило, макс. 2+1 лице; Палас Апартмани – 52m², во главна зграда, една спална соба, дневен престој, купатило, макс. 3 лица; Хилс Стандардни соби – 29m², во одделни блокови, една спална соба, купатило, макс. 2+1 лице; Хилс Апартмани – 52m², во одделни блокови, дуплекс, прв дел со спална соба и купатило, втор дел со спална соба и купатило, деловите не се одделени со врата, макс. 4 лица; Сите соби се опремени со посебни купатила со туш кабина или када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини-бар (вода, минерална вода, сокови, пиво се дополнува секој ден), ламинатски под, сеф, ТВ со сателитски програми и музички канали, балкон или тераса.
Ултра се Вклучено – шведска маса за доручек, доцен доручек, ручек, попладневна ужина, торти, колачи, кафе, чај, вечера, доцна ужина. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, мини-бар во собите, бар на плажа и бар покрај базен од 10ч до 18ч, А-ла-карт ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед во одредени часови. Услуги кои не се вклучени – увозни пијалаци, шампањ, пијалаци во Coco Bar, свежо цедени сокови, специјални вина, флаширани пијалаци, собна услуга.
Главен ресторан – шведска маса, А-ла-карт ресторани, барови околу целиот хотелски комплекс. Доктор, чување деца, услуги за перење и пеглање, интернет кафе, фризер, рент-а-кар, продавници – Дополнително се наплатуваат. Интернет конекцијата во јавните хотелски простории е бесплатна.
Сопствена хотелска плажа, песочна, лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа, не се наплатуваат.
Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, аквапарк, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, пинг-понг, одбојка на плажа, стрелање – Не се наплатуваат. Осветлување за тениски терени, масажи, Спа центар, билијард, компјутерски игри, водни спортови – Дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и вечерни шоу програми. Мини-клуб за деца од 4г до 12г со забавни програми во текот на денот и мини диско во вечерните часови.