http://www.adora.com.tr/
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Белек, 39км од Анталија и 29км од аеродромот.
Сместување
Вкупен број на соби 260 во две главни згради и 240 соби од клубската страна во десет двоспратни згради.
Стандардни соби во главната зграда (30m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице),
Стандардни соби во клубската страна (19m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Сите соби се со балкон или тераса, приватно купатило со када (клубските соби се со туш), и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), сеф, тепих на под (керамички под во клубските соби), сателитска телевизија и музички канали.
Услуга
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, сладолед за време на одредени часови, вечера, закуска за време на полноќ, мини бар во соби само вода, безалкохолни пијалоци и пиво кои се дополнуваат секој ден, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци 24 часа на ден, A’la Carte ресторани со претходна резервација. Не е вклучено во ultra all inclusive концептот: луксузни увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, специјални вина, послуга во соба, цигари, наргиле.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Cappadocia (Турска кујна), Sehrazat (Морска храна и Италијанска кујна) и Dragon (кујна од Далечниот Исток), барови на различни места во хотелскиот комплекс. Доктор, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни пешкири, чежалки и чадори за сонце.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, детски базени, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени, пинг – понг, мини фудбал, кошарка, одбојка на плажа, squash, гимнастика. Осветлување за тениски терени, опрема за тенис, часови по тенис, билијард, џакузи, масажа, сите видови на спортови на вода се доплатуваат. Забавни програми дневни и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4 – 12 години, детско игралиште и анимација во текот на денот. Мини диско навечер.