Хотелот се наоѓа во регионот Белек, 35 км од аеродромот во Анталија и 45 км од центарот на Анталија.
Вкупен број на соби 476 и 68 Вили. Дизајнирани соби за меден месец (64м², поглед на море, една спална соба, бања со туш кабина / WC, една соблекувална, дизајнирани соби со црвена постелнина само првиот ден, торта со логото на хотелот,специјално вино,овал со овошје и слатки, приоритет во рестораните А-ла-карт,задолжително прикажување на свадбен документ не постар од 90 дена, макс.2лица) Делукс стандардна соба (64м², поглед кон море, една спална соба и бања, соблекувална, макс .3 лица) Дизајн соби со директен поглед кон морето (64m², директен поглед на море, една спална соба, една бања, соблекувална, макс.3 лица) Ladies дизајн соби (64м², поглед на море, една спална соба, една бања, соблекувална, соби кои се со декорација само за женски гости, макс.3лица) Romantic couples дизајнирани соби (64м², поглед на море, соби дизајнирани само за романтични парови, макс.2 лица) Дизајн суит(120м2 , една голема главна спална соба,уште едма спална соба, две купатила, една соблекувална, 70м² тераса, макс.3 лица) King суит (500м², главна спална соба, уште две спални соби, една дневна соба, еден бар, една сауна, три купатила, три соблекувални, 192м² тераса, макс.6 лица) Eва Вила (200м², мастер спална соба, уште една спална соба, дневна соба, една сауна, две бањи, една соблекувална, пливање на тераса, макс.4лица) Адам Вила (175м², мастер спална соба, една дневна соба со единечен кревет, една сауна, две купатила, една соблекувална, пливање на тераса,макс.3лица) Presidential (Вила за забава) (600m²,мастер спална соба, уште две спални соби, една дневна соба, бар, кујна, две сауни, три купатила, три соблекувални, приватна градина 500м² и приватен базен од 80м, макс.6лица). Сите простории во главната зграда се дизајнирани со епоксиден под, а сите sидови се со огледала, така што секогаш можете да имате поглед на море или планина. Постои и дел за одмор кој што може да го дизајнирате како кревет или седечка гарнитура, француски кревети и има ролетни со кои може да бидете разделени од надворешноста. Во просторијата има две релаксирачки бања за две лица со светлечки третман во боја. Одделна бања со туш кабина, фен за коса. Посебен одделен плакар (соблекувална), LCD телевизор од 106 см, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се надополунваат секој ден) со мултифункционална маса, сет со кафе и чај,централна клима што работи според временски услови,телефон, WI-FI(нормална брзина), балкон.
Ултра се вклучено – појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и доцна ноќна ужина, мини бар дневно надополнети, сите локални и стандардни увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, отворена услуга за сладолед за време на ручекот и вечерата, диета вклучена. Не се вклучени: луксузни увезени пијалоци, флаширани пијалоци, свежи овошни сокови (освен за појадокот), ресторани А-ла-карт се со претходна резервација,услуга во соба, макси бар во соба,ВИП-концепт за меден месец парови, сместени во Диско клуб и шоу центарот, специјална роденденска торта и цвеќиња.
Главен ресторан за се вклучено-услуга, А-ла-карт ресторани: Arrigato – Јапонска кујна,Sark I – Турска кујна,Mezes – Морска храна, Stek house ресторан ,Basilico – Италијански ресторан, Eros – Ресторан Афродизијак само за парови, Blind ресторан-вечера во темнина. Барови низ целиот хотелски комплекс, диско и ноќен бар. Услугата во соба 24 часа – дополнително се напплаќа. Докторска услуга, изнајмување автомобил, перење и пеглање, трговски центар, фен за коса, телефон, факс, интернет, сите се наплачаат дополнително. Wi-FI во целиот хотел (нормална брзина) бесплатно.
Приватна плажа од хотелот , лежалки, чадори за сонце,пешкири, бесплатно. Павиљоните на пристаништето и плажата се со претходна резервација и се доплаќа.
Отворен и затворен базен , четири лизгалици на вода, фитнес центар, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг-понг, кошарка, мини фудбал, одбојка се бесплатни. Сите други спортски активности, како спортови на вода,боречки вештини, штитници,часови за нуркање, симулација на голф, Paint ball,часови за тенис и светло за тениски терени, СПА и велнес центар се дополаќаат. Забавен посебен концепт, со настап на извонреден турски и светски познат диџеј, многу специјални настани и забави. Седум дена во неделата специјални програми.