Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и на 15км од центарот на Анталија.
Вкупен број на соби 606. Стандардни соби (31м², макс.2+1лица), Стандардни фамилијарни соби 120 (36м², две спални со врата помеѓу и едно купатило, макс.4 лица), три соби за хендикепирани лица . Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, VRV клима сплит систем, телефон, мини бар, (со вода, безалкохолни пијалоци и пиво се надополнува секојдневно), електричен бокал, сет за кафе и чај,сеф , сателитска ЛЦДТВ и музички канали, ламинатен под, балкон.
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина во текот на денот и во вечерните часови, 24 часа храна и пијалоци,сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар со безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секојдневно, сладолед во попладневните часови. A’la Carte ресторани со претходна резервација. Луксузни увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, специјални вина, увозни вина, енергетски пијалоци и услуга во соба, дополнително се наплатува.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Bosphorus -Турски, Basilico-Италијански , Especias – Мексикански, Cai – Кинески ресторан, Halikarnar – ресторан со морска храна, слаткарница, барови околу целиот хотелски комплекс и на плажа, Доктор, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, rent a car дополнително се наплаќаат.
Хотелска плажа, песок и камчиња.Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни. Приватни павилјони се со претходна резервација и со доплата.
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Полу-Олимписки базен со систем за греење, Аква Парк, тениски игралишта, одбојка на плажа, гимнастика, Турска бања, сауна, парна бања, Џакузи. Со доплата: моторизирани водни спортови, осветлување на тениски игралишта, билјард, сите масажи и третмани во СПА центарот. Анимациони програми во тек на денот покрај базен и на плажа, натпревари и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца 04-12 години со специјални програми во тек на денот и во вечерните часови.