Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, 10км од Side и 65км од аеродромот во Antalya.
Вкупен број на соби 417 во три згради. Стандардни соби (29m²; една спална соба со спална+единечен кревет+софа, и едно купатило, макс.2+1 лице), стандардни соби со кревет на спрат(32m², една голема соба со спална+кревети на спрат за деца, едно купатило, макс.2+2 лица), Suit соби (57m², две спални соби со врата помеѓу, едно купатило, макс.4 лица) и 2 соби за лица со хендикеп. Собите се со страничен поглед на море, со поглед на море и со поглед на копно, со привано купатило со туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци при пристигнување, вода и минерлана вода се дополнува секој ден), сет од топли пијалоци, сеф (се доплаќа), LCD TV со сателитски програми, интернет конекција (се доплаќа), балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, утрински ужини, ручек, попладне тора, колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, услуга за сладолед за време на одредени часови, мини бар во собите, A’la Carte ресторани со претхдона резервација ден претходно. Не е вклучено во all inclusive концептот: сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, Турски и увозни флаширани вина, увозен шампањ, послуга во соба, сите пијалоци во Disco club.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани –Италијанска кујна, Турска кујнам Морска храна, Скара и Кинеска храна, бар на плажа од 10.00 – 18.00 часот, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, шопинг зона, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција, во лоби и зоната покрај базен е бесплатна.
Хотелска приватна плажа, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, Фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Масажа, SPA центар и центар за убавина, куглање, билијард, осветлување за тински терени, сите спортови на вода се доплаќаат. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години.