Хотел ACAR HOTEL****
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Обагол, на 2,5 км оддалеченост од центарот на градот Аланија и на 125 км оддалеченост од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 214.
Стандардни соби: 204 (28м²,една спална со брачен кревет или два единични кревети+софа, едно купатило, макс.2+2 лица).
Фамилијарни соби: 8 (55м², две спални одвоени со врата и едно купатило, макс.2+2 лица) и две соби за хендикепирани лица.
Сите соби се со купатило со када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода), сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон. Бесплатена Wi-Fi интернет конекција.
Услуга
Сé вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе и торта, вечера, ноќни закуски, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, до 23 часот. Дополнително се плаќаат: увезени пијалоци, свежи овошно сокови, сладолед, Турско кафе, сите видови на коктели, храна и пијалоци на плажата.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, бар во лоби, бар покрај базен. Доктор, сервис за перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, изнајмување возила и простор за шопинг дополнително се наплаќаат. WI-FI интернетот во лоби просторот е бесплатен.
Плажа
Хотелската плажа е 150 метри оддалечена од хотелот ( дел е на јавната плажа), песочна, со бесплатни лежалки и чадори за сонце. Пешкирите на плажата се наплаќаат. Има подвозник до плажата.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за деца и возрасни, водена лизгалица, фитнес соба, пинг-понг, одбојка на плажа. Турска бања, сауна и затворениот базен се бесплатни неколку часа. Дополнително се наплаќаат услугите за: Wellness центар, билјард, спортови на вода, масажа. Има лесна програма за анимација во текот на денот, мини клуб за деца од 4 до 12 години, игралиште за деца.
Хотелот е реновиран во 2015 година.