МАКЕДОНИЈА
1Ден.-Поаѓање од Битола во 06:30 од пред С.сала Младост. Се патува до Крушево. Посета на Мечкин Камен, Македониумот, Музејот и гробот на Тоше Проески. По разгледите се продолжува за Дојран преку Прилеп со краток разглед на Могилата. Пристигнување во Дојран во попладневните часови, ручек и прошетка по крајбрежјето на Дојранското езеро. По разгледите се поаѓа за Струмица, сестување во хотел. Ноќевање.
2Ден.Појадок.По појадокот се продолжува кон посета на чудотворната икона, краток разглед низ центарот на Струмица и продолжување кон манастирите Водоча и Вељуса. По разгледите се продолжува кон Радовиш, посета на храмот Св.Тројца. По разгледите се продолжува кон Скопје, со попатна пауза за ручек во Штип. Пристигнување во Скопје во попладневните часови. Панорамски разглед и центарот. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
3Ден.Појадок.Посета на гробот на Гоце Делчев, Чаршијата, музејот на ВМРО, центарот со новоизградените споменици. По посетите во договорено време и место се поаѓа за ручек во ресторан во Скопје. По ручекот се патува до Матка, разгледи и прошетки по кањонот во прекрасна природа. Се продолжува за Маврово преку Тетово и Гостивар. Сместување во хотел во Маврово. Вечера. Ноќевање.
4Ден.Појадок.Продолжување за Јован Бигорски, Рајчица, Вевчани и Струга, прошетки по кејот на реката Црни Дрим. Продолжување кон Охрид. Сместување во хотел. Ручек во хотелот па прошетки низ центарот, Плаошник, Самоиловата тврдина, Јован Канео, Античкиот театар, пристаништето итн…Вечера. Ноќевање.
5Ден.Појадок.Продолжување кон Свети Наум со попатна посета на музејот на Заливот на коските. По разгледите се поаѓа кон Билјанини извори. Слободно време. Во попладневните часови поаѓање за Битола.
Цена: од 12,000 мкд
НАПОМЕНА!!! – цените може да варират во зависност од бројот на пријавени патници
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
—————————————————————————————————————————————