САРАЕВО – 11 ОКТОМВРИ
08.10.2021 – Состанок на група во 18:00, поаѓање во 18:30 од Битола спортска сала. Патувањето ќе биде преку граничен премин Табановце. Ноќно возење низ Србија со попатни паузи и царински формалности.
09.10.2021 –По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград и прво правиме посета на ‘Андриќград’ град и културен центар кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав, изграден по иницијатива на Емир Костурица. Потоа со групата се упатуваме кон разглед на Мостот на Дрина (околу 15 минути се задржуваме за фотографирање). Во предпладневните часови се пристигнува во Сараево каде прво се сместуваме во Хотел. Во договорено време со локалниот водич се прави прошетка низ центарот на градот, Себиљ, Башчаршија, Народниот театар, Мостовите на Миљацка, Катедралата на светото срце Исусово итн…Со патниците кои ќе доаѓаат на факултатива продолжуваме кон Тунел Спаса (неизбежна туристичка атракција на градот, музеј во кој се зачувани бројни експонати од време на опсадата на Сараево). По разгледите се врќаме во градот. Слободно време за прошетки и индивидуални активности. Ноќевање.
10.10.2021- Појадок. По појадокот се оди према Мостар (факултатива), имаме околу час и половина за возење. Попатно застанувае Коњиц го посетуваме ТИТОВ БУНКЕР потоа застанувањ за фотографирање Јабланица (мостот кај ‘битката на Неретва’)Мостар како град претставува административен центар на кантонот Херцеговина и е изграден покрај реката Неретва. По пристигнување се прави прошетка низ стариот дел на градот, чаршијата, мостот на Неретва. Во договорено време со водичот со групата се враќаме назад во Сараево. Слободно време за прошетки во некој од трговските центри, искачување на највисокиот облакодер во БИХ – Аваз твист кулата или на Башчаршија. Ноќевање.
11.10.2021 – Појадок. Одјавување од хотелот. Последниот ден имаме разглед факултативно до Врело Босне, едно од најпознатите обележја на Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на периферијата на Сараево покрај Илиџа. Слободно време за кафенце покрај изворите на реката Босна, фотографирање и поаѓање према Македонија преку Р.Србија. Во предпладневните часови пристигнување и разглед на Дрвен Град – наменет за снимање на филмови изграден од Емир Кустурица. По разгледите поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Промо Цена – 85 за резервации и целосни уплати до 20.09.2021
Редовна цена – 95 еу
Во цената е вклучено
Во цената не е вклучено
ФАКУЛТАТИВА – 45 еу пакет
Босански пакет (Посета на Тунел Спаса, Бункер Тито, Јабланица и Мостар, Врело Босне)
Во врска со користењето на факултативите, патниците се должни да се изјаснат дали ќе го користат „Босанскиот пакет“ додека ја вршат уплатата во канцеларија. Ваквата политика се применува се со цел да може да се резервираат потребните влезници.
Важно