Берово – Струмица
Дата на патување: 19.03.2022
Се поаѓа во 06:00 часот од пред спортска сала. Се патува преку Прилеп и Велес со попатни одмори. Пристигнување во Берово во претпладневните часови. Разглед на Беровското езеро. Поради поволната местоположба, чистата и недопрена природа покрај езерото се изградени голем број на туристички капацитети. Посета на црквата Св.Архангел Михаил во Берово. Посета на црквата Рождество на Пресвета Богородица. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Берово. Во попладневните часови се поаѓа за Струмица. Индивудуални прошетки низ центарот на Струмица и трговскиот центар Глобал. Во вечерните часови се поаѓа за Битола со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 800 денари
Во цената е вклучено:
– Превоз на наведената релација со туристички автобус
– Организација и водство на патувањето
– Пратител на групата