Вила Long Summer
Е лоцирана на околу 400 метри од најблиската плажа во Сивота и околу 700 мтри од марината во градот. Во својот состав има повеќе единици за сместување, четворокреветни апартмани, опремени со мебел, ТВ и клима уред, интернет и останати потребни содржини. Во составот на апартманите се уредена спална соба и кујна со дополнителни кревети. Сите имаат балкони и тераси со поглед кон дворот и блиската улица.
Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектите (каде што е достапен)
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)