Вилата „Chrouso Palace“ се наоѓа на 800 метри од плажата. Собите се чистат секој ден, постелнината и крпите се менуваат после секој трети ден, опремени кујни, пространи тераси со незаменлив поглед на преубавото зеленило, голем двор со издвоен дел за подготвување скара, посебен дел со играчки за децата, масички поставени под осветлените палми каде можете да уживате во интимниот амбиент, паркинг за возила. Сместувачките капацитети се наоѓаат на приземје, затоплувањето на водата е комбинирано-со бојлер и со сончеви колектори, а безжичен интернет има во дворот на вилата. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Напомена: Во четирикреветните апартмани можат да се сместат максимално 4 возрасни лица и едно дете до 3 години.
-10% попуст за целосна уплата до 01.03.2019