Вила Јанис се наоѓа на главната улица наспроти познатиот ресторан Брики, т.е 50 метри од строгиот центар на Калитеа. Во нејзина близина се наоѓа маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. Плажата се наоѓа на 200м одалеченост од самиот објект.Вилата не располага со паркинг и околу неа нема можност за паркирање. Најблиското место каде може да се остави возилото е на 150м одалеченост и истото е бесплатно. Сите соби се трокреветни, 5 од нив се наоѓаат од предната страна и имаат поглед кон главанта улица, останатите имаат поглед кон дворот во вилата .Собите се со капацитет за сместување на 3 лица( мало дете до неполни 6 год кое би спиело со родители), а во некои од собите има можност и за дополнително легло. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi. Вилата е реновирана во целост во 2018 година.
При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Услови за рана разервација: Потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуални во периодот на доплата