Вила МАТИАС
Објектот Mathias е двокатна зграда со повеќе студија, наменета исклучиво за туристичко престојување во Парга. Нејзината местоположба која иако ја лоцира на кружниот пат над градот, воедно и овозможува и прекрасен поглед врз Парга и нејзиниот залив. Со својата одлична опременост и степенесто распоредените балкони, оваа вила овозможува одличен престој за секој нејзин гостин. Одличната опременост на двокреветните студија, како и паркинг место за секое од нив, ја издвојува во нејзината комфорност за престој пред многу слични објекти. Оддалеченоста од градските гужви и приближно истото растојание од сите три плажи на Парга, воедно и дава предност за сите оние кои во Парга би отпатувале со сопствен превоз.
Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектите (каде што е достапен)
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)