Вила “GALERIJA” апартмани се наоѓаат во центарот на Полихроно околу 30 метри од песочни плажи, продавници, ресторани и други објекти.
Дуплексен стан се наоѓа на првиот кат. На првиот кат има 2 спални соби, едно брачен кревет во една спална соба, два еднокреветни кревети во другата спална и софа во дневната соба, така што може да прими до шест лица.
Кујна: Комплет опремена, голем фрижидер и шпорет, клима,ТВ, WiFi
Тоалет: ( WC/туш ).
Тераси сопствени од двете спални со страничен поглед на море
(можност за сместување на 5 возрасни и дете до 12 г. во кревет со родителите)
Реновирана во 2018 година . Објектот нема сопствен паркинг, но паркингот може да се најде на улица во која се наоѓа сместувањето.
Check in: 14:00h.
Check out: 10:00h.
Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.
Цените се дадени по студио за 7 ноќевања во евра без попуст.
Период | Ноќевања | 1/5+2 апп | Коментар |
19.05-26.05.2019 | 7 | 111 | промо |
26.05-02.06.2019 | 7 | 141 | промо |
02.06-09.06.2019 | 7 | 181 | |
09.06-16.06.2019 | 7 | 291 | |
16.06-23.06.2019 | 7 | 361 | |
23.06-30.06.2019 | 7 | 381 | |
30.06-07.07.2019 | 7 | 411 | |
07.07-14.07.2019 | 7 | 431 | |
14.07-21.07.2019 | 7 | 491 | |
21.07-28.07.2019 | 7 | 501 | |
28.07-04.08.2019 | 7 | 501 | |
04.08-11.08.2019 | 7 | 501 | |
11.08-18.08.2019 | 7 | 501 | |
18.08-25.08.2019 | 7 | 461 | |
25.08-01.09.2019 | 7 | 401 | |
01.09-08.09.2019 | 7 | 321 | |
08.09-15.09.2019 | 7 | 251 | |
15.09-22.09.2019 | 7 | 181 | промо |
22.09-29.09.2019 | 7 | 101 | промо |
Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.За два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин.
Во цената е вклучено: Ноќевање, клима уред и wi-fi.
Во цената не е вклучено: Превоз, патничко осигурување.
ВАЖНA НАПОМЕНА : За хигиената на апартманите, секој гостин се грижи за својот апартман. (објектот не поседува крпи). Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Вилата се смета за една од нај одржуваните , затоа да бидеме добри гости. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во агенција)
Одалеченост:
Солунски аеродром: 87км
Ханиоти: 5км
Пефкори: 9км
Калитеа: 11км
Центар на Полихроно 800м
Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:
04:00 h Битола ( Пред спортска Сала) – 30€ по лице
03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола – 30€ по лице
02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 35€ по лице
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 30€ по лице
Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја недела):
03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес– 40€ по лице
04:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) –35€ по лице
05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
05:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово –40€ по лице
05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
06:00 h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице
Поаѓање од Грција:
15:15 h локално време, (14:15 h мак.време) Неа Потидеа
15:00 h локално време, (14:00 h мак.време) Калитеа
14:45 h локално време, (13:45 h мак.време) Полихроно
14:30 h локалнп време, ( 13:30 h мак.време) Ханиоти
14:15 h локално време, ( 13:15 h мак.време) Пефкохори
ОСТАНАТИ УСЛОВИ
Попустите не може да се комбинираат.
Во АПП е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.
По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место. Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.