Villa Argo е лоциранa на првата линија од објекти изградени долж шеталиштето крај долгата плажа на Врахос. Скалесто поставен врз падините на блискиот зелен рид, овој објект се карактеризира со повеќе убаво опремени студија и апартмани, сите ориентирани со странични или директни погледи кон морето. Сите единици располагаат со мини кујни, спални соби, тоалети и балкони со гарнитури за седење, а апартманот на најгорниот кат со “француски балон” и најубава панорама кон морската шир. Близината на песочната плажа и шеталиштето, како и бројните туристички содржини во местото, ветуваат дека сместувањето во оваа вила е одличен избор за вашиот планиран летен одмор.