Вилата „Angeliki“ се наоѓа на само 100 метри од една од најубавите плажи на на Ситонија-Каламитси. Оваа вила располага со трокреветни и четирикреветни студија на прв и втор спрат со пространи тераси од кои некои имаат бочно поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор за уживање: тука децата можат безбедно да играат, а за возрасните еден дел од просторот е опремен со дрвени маси и столчиња и простор за скара. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг .
Напомена:
Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.