08-10 Декември 2023 – Интерхотел 4* Сандански
Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести. Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.
ИНТЕРХОТЕЛ САНДАНСКИ | НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК |
Еднокреветна соба
(1возрасен или 1 возрасен + 1дете 0-3,99 г) |
187€ |
Двокреветна соба со помошен кревет
(2 возрасни или 2 возрасни + 1 дете 0-3,99 г) |
240€ |
Двокреветна соба со помошен кревет
(2 возрасни + 1 дете 4-11,99 г или 2 возрасни +2 деца 0-3,39 и 4-11,99 г) |
278€ |
Двокреветна соба со помошен кревет
(2 возрасни + 1 дете 12-15,99 г или 2 возрасни +2 деца 0-3,99 и 12-15,99 г) |
321€ |
Супериор соба (2 возрасни) | 291€ |
Студио (2 возрасни) | 346€ |
Дополнително легло возрасен и дете од 12-15,99 г во супериор/студио | 79€ |
Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Две ноќевање со појадок по СОБА
Користење на сауна, парна бања, фитнес центар
Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С
Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С
Лежалка и пешкир покрај базените
Безжичен интернет во целиот хотел
Паркинг
Сеф на рецепција
Детско катче со аниматор
Туристичка такса
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Превоз – 45 eur
Патничко осигурување
Личен трошок
ДОПЛАТА ЗА ВЕЧЕРА:
18€ возрасен и дете 12-15,99 г, 9€ дете 4-12
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
Можност за превоз од: Битола, Прилеп, Неготино, Скопје, Велес, Струмица – 45€ по лице
Тансвер Струга,Охрид,Ресен,Скопје,Велес зависи од бројот на патници.
СМЕСТУВАЊЕ:
Интерхотел Сандански нуди сместување во 262 пространи соби, 17 апартмани и 6 студија. Сите имаат модерна, пространа и пријатна внатрешност.
Големината еднокреветни и двокреветни соби 25м2.
ВО СОБИТE:
кабловска телевизија, безжичен интернет, телефон, минибар (со доплата), бањите се со специјална тоалетна козметика, балкун со поглед на градот, планината, базенот, паркингот или паркот.
DBL – двокреветна лукс
Брачен кревет или два единечни, софа на спуштање и можност за бебешко креветче
Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 15,99 + 1 дете до 3,99
DBL SUP (двокреветна супериор соба-студио)
Спална со брачен кревет (без прозор), физички одделена (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче (4 студиоа вкупно).
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
STD – студио стандард
Спална со брачен кревет, физички одделена (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче (1-4 кат).
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
НАПОМЕНА!
Хотелот не прима домашни миленици
СМЕСТУВАЊЕ И НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ:
Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ :
РАЗГЛЕДИ ВО БЛИЗИНА НА САНДАНСКИ:
Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години наХ век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера,бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.
Услови за агентот и гостинот:
Важат Општите услови на патување.