08-Март 2019 БИТОЛА-СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на групата Спортска Сала 13.00 часот. Поаѓање во 13.30 часот. Организиран трансфер до аеродром Скопје. Полетување во 17:50 часот. Слетување на аеродром во Малта во 19,30 часот (локално време). Трансфер и сместување во хотел 4* Sliema. Сместување во хотел. Слободно време.Ноќевање1.
09-Март 2019 МАЛТА- ГОЗО
Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu… Цена на турата (со вклучен ручек) 55 Еур. Попладне враќање во хотел. Ноќевање2.
10-Март 2019 Моста-Мдина-Валета
Појадок. Појадок. Можност за факултативна целодневна екскурзија до M0sta, Mdina, Crafts Village i Valetta. Турата почнува со видео презентација во 5Д кино кое ќе ви ја престави Малта низ краток филм со специјални ефекти. Официјалното име кое е дадено на градот било Humillima Civitas Valletta, т.е. град посветен на пониженоста, меѓутоа, поради своите бистиони и тврдини, заедно со убавината на барокните згради долж тесните улици, Валета станал познат и како Superbissima – „Величенствена“. Посета на главната улица на Валета како и на катедралата St.John и сликите на Caravaggio. Цена на турата: 50 Eur. Попладне враќање во хотел. Ноќевање.
11-Март 2019 МАЛТА – ТРИТЕ ГРАДА – СКОПЈЕ – БИТОЛА
Појадок. Организирана факултаттивна тура со бус до Градините на Ст. Антон и претседателската палата. Заминување кон традиционалното село Marchalock со можност за купување на сувенири и вклучен ручек. Продолжување на екскурзијата кон трите града Senglea-Isla, Vitoriossa-Birgu, Conspicoua Bormla, едни од најубавите историски места на Малта, од каде ќе ги дознаеме за историјата и културата на Малтежаните. Бедемите кои се направени за заштита на градот од витешкиот ред, кои датираат од 16ти век. Цена на екскурзијата: 30 Eur. Организиран трансфер до аеродром во 16.00 часот. Полетување за Скопје во 20:05 часот. Слетување во Скопје во 21.50 часот. Трансфер до Битола.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 Еур/ 18,530 денари
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir
– Рачен багаж со димензии 55 х 40 х 23 цм 10кг
– Влезници за културно историските музеи
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
– Сместување во хотел 4* во Слиема во на база 3 ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Трансфер Битола-Скопје-Битола 10 Еур
– Факултативна посета на Мдина (МОСТА – ТА’АЛИ – ГРАДИНИТЕ на СВ.АНТОН) 50 Еур
– Факултативна посета на Гозо 55 Еур (вклучен ручек)
– Факултативна посета на Трите Града SЕNGLEA, BIRGU, BORMLA 30 Ер
– Туристичка такса во хотел
– Патничко осигурување
– Сите неспоменати трошоци
НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.