КОРЧА – ПОГРАДЕЦ-СВ.НАУМ
27.09.2019
Се поаѓа во 06.30 од Битола. Се патува преку Стење . Царински формалности. Се продолжува кон Корча. Пристигнување околу 09.00ч. Разглед на градот и посета на црквата Воскресение Христово. Индивидуални прошетки низ центарот на Корча. По разгледите се продолжува за Поградец. Сместен на Охридското езеро со архитектура слична на Охрид. Прошетки и разгледи низ Поградец. Можност за ручек во многубројните ресторани сместени на брегот на Охридско езеро. Во попладневните часови се поаѓа за Св. Наум. Разглед на манастирскиот комплекс и краток одмор. Во вечерните часови се поаѓа за Битола. Пристигнување во Битола околу 21.00ч
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 600 денари
Во цената е вклучено:
– Превоз на наведената релација со туристички автобус
– Организација и водство на патувањето
– Пратител на групата