Доживејте ја природата на поинаков начин
(Мало и Големо езеро- национален парк Пелистер)
Националниот парк Пелистер е прогласен со закон донесен од страна на Прездиум на Народна Република Македонија на 30 Ноември 1948 година. Се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија, стара околу 465 милиони години со алпски карактеристики. Највисокиот врв во паркот е 2.601 метар надморска височина. Како најзаслужен за стекнување со статус Национален парк е петтоигличниот бор-Молика во 1893 година откриен од австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах. Покрај Моликата на Пелистер постојат и други ендемични видови на растителен и животински свет, кои се под заштита со Законот за заштита на природата.
Се тргнува во договорено време и место. Се поаѓа со теренско возило 4х4. Патот води преку селата Трново и Магарево до месноста Вилата на Лазо, каде стартува возењето по off road терен. Патувањето е преку Палиснопје, Ловечка куќа до глацијалното езеро т.н Мало езеро, мала пауза и разглед. Потоа се поаѓа кон Големо езеро. Тука имате можност за разглед на прекрасна природа и пејсаж, да вдишите чист воздух и да се напиете чиста изворска вода. Покрај тоа имате можност и за велосипедизам, пешачење по планинските патеки. Поаѓање кон врвот на Пелистер познат и под името “Антена” со 2.601 надморска височина. Од самиот врв од една страна се гледа Пелагонија и градот Битола, а од другата страна Преспанското езеро со Галичица во позадина. Се прави пауза и се тргнува за назад со поптани паузи до планинските чешми и поточиња од кои течат чисти бистри изворски води. Пристигнување во Битола во попладневните часови.
НАПОМЕНА !!!
За реализација се потребни минимум 4 патници. За овој аранжман важат општите услови на Т.А Хера Турс.