СВ.ЈОВАН БИГОРСКИ – СВ.ЃОРГИЈА,РАЈЧИЦА – ОХРИД
11.10.2017
Се поаѓа во 07,00ч од пред С.С.Младост. Се патува преку Кичево и Маврово. Пристигнување во Св.Јован Бигорски околу 09.30 ч. Разглед на манастирскиот комплекс и црквата каде се наоѓа уникатниот иконостас.По посетата се продолжува за манастирот Рајчица и црквата Св.Ѓоргија. Манастирот се наоѓа во селото Рајчица и црква посветена на Свети Ѓорѓиja Победоносец. Во овој женски манастир од 11 век, се чуваат едно парче од крстот на Исус и мал дел од раката на Свети Георги Победоносец.Разглед на манастирот и црквата. Се продолжува за Охрид. Посета на Билјанините извори и центарот на Охрид. Во попладневните часови се поаѓа за Битола.
Во цената е вклучено
Превоз на наведената релација со туристички автобус
Организација и водство на патувањето
Пратител на групата
Во цената не е вклучено
Патничко осигурување
НАПОМЕНА: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници! Во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.