НОВИ САД-СОМБОР-САЛАШИ НА ФРУШКА ГОРА-БЕЛГРАД
1 Ден 23.05.2019 Четврток- Поаѓање во 22:00 часот од спортска сала Битола, преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2 Ден 24.05.2019 Петок- Пристигнување во Нови Сад во утринските часови, сместување во хотел, краток одмор. Во договорено време разглед на центарот на градот со локален водич, католичката црква, плоштадот “Слобода”, Владичанскиот двор идр…По разгледите во центарот поаѓање кон Петроварадинската тврдина од каде се пружи прекрасен поглед на Дунав и Нови Сад. Во договорено време поаѓање за ручек во “САЛАШ”– ресторан во вид на етно село во областа на Фрушка Гора. По ручекот враќање во хотел. Ноќевање.
3 Ден 25.05.2019 Сабота-Појадок. По појадокот факултативен излет со локален водич до СОМБОР, град опеан во многу песни и стихови, град со богато културно наследство нашироко познат по своето зеленило. Слободно време за прошетки низ центарот на градот. Во пладневните часови враќање за Нови Сад. Посета на центарот, враќање во хотел. Ноќевање.
4 Ден 26.05.2019 Недела- Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Поаѓање кон БЕЛГРАД со попатна посета на еден од најпопуларните туристички центри “ИНЏИЈА”. Пристигнување во Белград во предпладневните часови, прошетки по Кнез Михајлова. Во договорено време поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот:5700денари
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Напомена!!! За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници, доколку за факултативните посети се потребни минимум 25 патници. За овој аранжман важат општите услови на Т.А. Хера Турс Битола. Крајниот рок за известување на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање.