Белград-Бања Лука-Бихаќ-Плитвички езера-Загреб
1.Ден 26.04.2019 -(Петок)-Состанок со групата во 23:45 часот од пред спортска сала Младост во Битола. Поаѓање во 00:00 часот. Ноќно возење со попатани паузи и царински формалности преку граничен премин Табановце.
2.Ден 27.04.2019-(Сабота)-Пристигнување во утринските часови во Белград, панорамски разглед со локален водич како и прошетки и разгледи во центарот на градот, тврдината Калемегдан, храмот Св.Сава, Кнез Михајлова итн..по разгледите слободно време. Во договорено место и време поаѓање за во хотел, сместување. Ноќевање.
3.Ден 28.04.2019-(Недела)-Појадок. По појадокот поаѓање за Бихаќ. Попатно застануваме во Бања Лука, најголем град во Република Српска (БИХ), слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот, тврдината Кастел итн..Во договорено време и место поаѓање за Бихаќ. Сместување во хотел. Слободно време за прошетки. Ноќевање.
4.Ден 29.04.2019-(Понеделник)-Појадок. По појадокот поаѓање за Плитвички езера. Пристигнување во утринските часови во прекрасниот национален парк во Хрватска. Паркот изобилува со природна убавина, водопади, езерца, шуми и пејзажи кои ѓи воодушевуваат сите посетители. Разгледите во националниот парк се со локален водич. Во договорено време поаѓање со водичот за Загреб, панорамски разглед и разгледи и прошетки во центарот на градот. Слободно време. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Хрватска и Србија со попатни одмори и царински формалности.
5.Ден 30.04.2019-(Вторник)-Пристигнување во Македонија во утринските часови.
Цена: 7,990 денари за резервации до 31.03.2019 Редовна цена на аранжманот: 8.590 денари
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Напомена!!! За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници, доколку за факултативните посети се потребни минимум 25 патници. За овој аранжман важат општите услови на Т.А. Хера Турс Битола. Крајниот рок за известување на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање.